Мишри: Во Либија има повеќе од 7.000 руски платеници „Вагнер“

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мишри изјави дека во земјата има повеќе од 7 илјади платеници на руската безбедносна компанија „Вагнер“

1746362
Мишри: Во Либија има повеќе од 7.000 руски платеници „Вагнер“

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мишри во онлајн разговор со некои активисти и новинари истакна дека Русите барале место во Северна Африка каде што сакале да бидат присутни и тоа место го нашле во Либија.

Мишри изјави дека во земјата има повеќе од 7 илјади платеници на руската безбедносна компанија „Вагнер“.

Велејќи дека откако доведоа на власт свој човек во Централноафриканската Република платениците на „Вагнер“ се обидуваат да го заземат централниот дел на Либија од Чад до Средоземното Море, Мишри својот говор го продолжи со следните зборови: „Во моментов во Либија има повеќе од 7.000 руски елементи на Вагнер и тие имаат и авиони. Тие истовремено копаат ровови во Сирте и Џуфра. Во Гардабија која е едната од најголемите воздушни бази (која се користи и како цивилен аеродром во Сирте) и во воздушната база Џуфра има 30 воени авиони.“

Платениците на руската безбедносна компанија „Вагнер“ која делува во Либија од 2019 година, освен воздушната база и пристаништето во градот Сирте, ја користат и воздушната база во областа Џуфра која се наоѓа во централниот дел на земјата.

Инаку, согласно постигнатиот договор со посредство на Обединетите нации (ОН) меѓу либиските политички ривали за време на состаноците во Тунис минатата година, во Либија на 24 декември треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.

Либијците се надеваат дека претстојните избори ќе придонесат за ставање крај на вооружениот конфликт кој продолжува веќе неколку години во оваа земја.

 



Слични вести