САД одобрија продажба на воени бродови за Грција и модернизација во вредност од 9,4 милијарди долари
Одобрувањето содржи продажба на Грција на 4 воени бродови од класата „Меко“ во вредност од 6,9 милијарди долари и модернизација од 2,5 милијарди долари.

Стејт департментот (Државниот секретаријат) на Соединетите Американски Држави (САД) одобри продажба на 4 воени бродови во вредност од 6,9 милијарди долари на Грција и трансакции за модернизација од 2,5 милијарди долари.
Според објавеното писмено соопштение од страна на американскиот Стејт департмент, известувањето за одобрението за потенцијална продажба на воени бродови на Грција и модернизација на бродовите на оваа земја е доставено до Конгресот на САД.
Одобрувањето содржи продажба на Грција на 4 воени бродови од класата „Меко“ во вредност од 6,9 милијарди долари и модернизација од 2,5 милијарди долари.
Во соопштението се вели следното: „Оваа продажба ги поддржува надворешнополитичките и националните безбедносни цели на Соединетите Американски Држави (САД) преку подобрување на безбедноста на еден НАТО сојузник кој е важен партнер за политичката стабилност и економскиот процес во Европа. Продажбата ќе ја подобри способноста на Грција да одговори на сегашните и идни закани преку обезбедување ефективна борбена способност за заштита на поморските интереси и инфраструктура како поддршка на нејзината стратешка локација на јужното крило на НАТО.“
Според соопштението набавките ќе ја „зајакнат стабилноста и поморската безбедност“ во регионот на Источниот Медитеран и ќе придонесат за безбедносните и стратешките цели на НАТО и на САД.
„Грција придонесува за операциите на НАТО во Косово, како и за борбата против тероризмот и поморското пиратство. Грција нема да има потешкотии во однос на тоа во своите вооружени сили“, стои во соопштението, а воедно се додава дека продажбата на опрема и поддршка „нема да ја измени основната воена рамнотежа во регионот“.
За реализирање на продажбата, релевантните комисии на американскиот Конгрес не треба да достават приговори во рок од 30 дена.