Русија ги демантира тврдењата дека прави подготовки за да ја нападне Украина

Началникот на Генералштабот на Русија генерал Валериј Герасимов на приредениот брифинг во главниот град Москва на кој присуствуваа воените аташеа на странските држави даде изјави во врска со актуелниот дневен ред

1745313
Русија ги демантира тврдењата дека прави подготовки за да ја нападне Украина

Русија ги демантира обвинувањата дека се подготвува да изврши напад врз Украина.

Началникот на Генералштабот на Русија генерал Валериј Герасимов на приредениот брифинг во главниот град Москва на кој присуствуваа воените аташеа на странските држави даде изјави во врска со актуелниот дневен ред.

Правејќи проценка на тврдењата во однос на тоа дека Русија ќе ја нападне Украина, Герасимов рече: „Разместувањето на воените единици за време на обука е рутинска практика за вооружените сили на било која држава. Воените активности се вршат на нашите национални територии и нема потреба од известување. Тврдењата во печатот во однос на тоа дека 'Русија се подготвува да изврши напад врз Украина' се лага.“

Герасимов изјави дека има извештаи за употреба на противтенковски ракетни системи „Javelin“ во Донбас во источна Украина и рече:„Ќе биде спречена секоја провокативна акција на украинската управа за насилно решавање на проблемот со Донбас.“

Нагласувајќи дека во последно време има значително зголемување во бројот на летови на американските стратешки воздушни сили во близина на источните граници на Русија, началникот на Генералштабот на Русија генерал Валериј Герасимов го рече следното: „Во секој случај, нашите системи за противвоздушна одбрана навремено ги откриваат овие видови цели и ги спречуваат инцидентите.“

 



Слични вести