НАТО ја повика Русија да ги намали присутните тензии во источниот дел на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги намали присутните тензии во источниот дел на Украина

1745331
НАТО ја повика Русија да ги намали присутните тензии во источниот дел на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг говореше на панелот на тема „Мировната политика во наше време“ во организација на Фондацијата Фридрих-Еберт во Берлин, главниот град на Германија.

Столтенберг во оваа пригода ја повика Русија да ги намали присутните тензии во источниот дел на Украина.

Укажувајќи на руските воени единици на границата со Украина, Јенс Столтенберг рече: „Ја повикуваме Русија да ја намали тензијата, да се повлече, да се деескалира и да биде транспарентна во однос на нејзините намери.“

Столтенберг ги изнесе своите очекувања дека Русија нема да употреби воена сила во присутната тензија и дека ќе го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, која е суверена и независна држава во Европа.

Нагласувајќи ја потребата од политичко решение во присутната тензија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека жали што 18 месеци како не може да се состане Советот НАТО-Русија, а како што рече поради одбивањето на поканата од страна на Русија за одржување состанок и напомена дека поканата се уште е валидна.

 



Слични вести