Германија ја предупреди Русија по прашањето со Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок за време на нејзината прва надворешна посета што ја остварува на Париз, главниот град на Франција, по еден ден откако ја презеде функцијата, направи проценка на тензијата меѓу Русија и Украина

1745412
Германија ја предупреди Русија по прашањето со Украина

Германија ја предупреди Русија дека ќе плати висока политичка и економска цена доколку преземе било каква милитаристичка активност против Украина.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок за време на нејзината прва надворешна посета што ја остварува на Париз, главниот град на Франција, по еден ден откако ја презеде функцијата, направи проценка на тензијата меѓу Русија и Украина .

Баербок ја нагласи потребата Европа да презеде заеднички став по прашањето со Русија.

Велејќи „За нас територијалниот интегритет и суверенитет на Украина не се отворени за преговарање,“ германската министерка за надворешни работи нагласи дека највисокиот приоритет треба да се спречи воена ескалација.

Таа рече дека во случај на прекршувања кон државата Украина, Русија ќе плати висока политичка и економска цена за тоа.



Слични вести