Борбените трупи на коалиционите сили предводени од САД се повлекоа од Ирак

Официјалната ирачка новинска агенција „ИНА“ соопшти дека борбените трупи на коалиционите сили ја завршија својата мисија во Ирак и се повлекоа

1745306
Борбените трупи на коалиционите сили предводени од САД се повлекоа од Ирак

Како што е соопштено заврши мисијата на борбените трупи од составот на коалиционите сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) во Ирак и овие трупи се повлекоа од оваа земја.

Според веста на официјалната ирачка новинска агенција „ИНА“, ирачкиот потсекретар за национална безбедност Касим Араџи го рече следното: „Ги завршивме нашите финални преговори со коалициските сили. Борбените трупи на коалиционите сили ја завршија својата мисија во Ирак и тие се повлекоа.“

Инаку, шиитските милициски групи блиски со Иран пред извесно време се заканија дека од крајот на декември ќе ги напаѓаат американските сили кои се наоѓаат во земјата.



Слични вести