Зеленски: Ја дочекувам позитивно остварената онлајн средба на Бајден со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека ја дочекал позитивно остварената средба на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден со рускиот претседател Владимир Путин

1744882
Зеленски: Ја дочекувам позитивно остварената онлајн средба на Бајден со Путин

Претседателот на Украина Володимир Зеленски по остварената средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во главниот град Киев со кого одржаа заедничка прес конференција истакна дека ја дочекал позитивно остварената средба на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден со рускиот претседател Владимир Путин.

Правејќи проценка на остварената онлајн средба помеѓу Бајден и Путин на чиј дневен ред се најде особено  ставот на Русија кон Украина и натрупувањето војска на границата од страна на Русија, Зеленски ја изнесе следната констатација: „Сметам дека средбата на американскиот претседател со рускиот претседател е позитивна.“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека тоа што Соединетите Американски Држави (САД) секогаш ја поддржуваат Украина претставува успех на неговата земја, а воедно додаде дека денеска ќе оствари телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден.



Слични вести