Русија им врачи протестна нота на САД поради „провокативните активности“ во Црното Море

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Русија им врачи протестна нота на Соединетите Американски Држави (САД) поради како што рече „нивните провокативни активности“ во Црното Море

1744885
Русија им врачи протестна нота на САД поради „провокативните активности“ во Црното Море

Русија им врачи протестна нота на Соединетите Американски Држави (САД) поради како што се вели „нивните провокативни активности“ во Црното Море.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова објави писмено соопштение во врска со активностите на САД и земјите членки на НАТО во Црното Море, блиску до руските граници.

Велејќи дека извидувачкиот авион на НАТО од типот „ЦЛ-600“ на 3 декември летал на надморска височина од 9.200 метри во отворените води на Црното Море, Захарова појасни дека авионот летал преку рутата на воздушниот сообраќај утврдена за цивилни авиони и нагласи дека продолжуваат да растат воените активности на НАТО и САД во должина на руските граници.

Таа рече: „Војниците на Соединетите Американски Држави (САД) и нивните НАТО сојузници почнаа да преземаат провокативни активности против цивилните авиони во нивните обиди да ги тестираат системите кои ги бранат нашите граници. Тоа пак, ја доведува во опасност безбедноста на воздушниот простор и на човечкиот живот. Поради овие провокативни активности, на Амбасадата на САД во Москва и е врачена протестна нота со предупредување за опасните последици од ваквата непромисленост и перверзност“.

Нагласувајќи дека овие видови активности на земјите на НАТО се „неприфатливи“, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова застана во одбрана на тоа дека се прекршуваат основните принципи за летање во рамките на Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година.

 



Слични вести