Путин за остварената средба со Бајден: Решивме да формираме заедничка структура меѓу Русија и САД

Рускиот претседател Владимир Путин на одржаната заедничка прес конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера во градот Сочи истакна дека вчера (завчера) оствариле конструктивна средба со претседателот на САД Џо Бајден

1744884
Путин за остварената средба со Бајден: Решивме да формираме заедничка структура меѓу Русија и САД

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во градот Сочи се состана со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Путин овде изјави дека вчера (завчера) оствариле конструктивна средба со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден во врска со што го рече следното: „Мислам дека оваа средба на ист начин ја оценува и американската страна. Она што е важно е дека можеме да разговараме. Решивме да формираме заедничка структура меѓу Русија и САД која ќе ги разгледа безбедносните прашања.“

Одговарајќи на едно поставено новинарско прашање во однос на тоа дали Русија прави планови да ја нападне Украина, Владимир Путин рече: „Ова е провокативно прашање. Русија води мирољубива надворешна политика. Меѓутоа, располага и со право да ја обезбеди својата безбедност. Ние го консултиравме и консултираме тоа со нашите партнери, а вчера и со американскиот претседател Џо Бајден.“

Критикувајќи ја можноста за проширување на НАТО кон исток, рускиот претседател Владимир Путин рече: „Не е можно да не чувствуваме загриженост за можноста Украина да влезе во НАТО. Доколку Украина влезе во НАТО, потоа ќе започне испораката на оружје на Украина што ќе претставува закана за нас.“



Слични вести