Осомниченото лице за убиството на Кашикчи фатен во Франција

Во веста беше истакнато дека 33 годишниот осомничен Халид Алотаиби бил фатен како се качува во авионот за Ријад

1744646
Осомниченото лице за убиството на Кашикчи фатен во Франција

 

Осомничениот за убиството на саудискиот новинар Џемал ​​Кашикчи (Џамал Кашоги) во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул е фатен во Париз, главниот град на Франција.

Во веста што францускиот печат ја објави врз основа на судски извори, беше забележано дека осомничениот за убиството на Џемал Кашикчи бил приведен од граничната полиција на аеродромот Шарл де Гол во Париз.

Во веста беше истакнато дека 33 годишниот осомничен Халид Алотаиби бил фатен како се качува во авионот за Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Џемал Кашикчи, кој беше познат по своите критики кон саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Селман и кој беше колумнист на Вашингтон пост, беше убиен, а неговото тело беше распарчено во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија, кој го посети на 2 октомври 2018 година.



Слични вести