Бајден разговараше со лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија

Во случај на руска инвазија на Украина, военото вклучување не им е меѓу првите избори

1743964
Бајден разговараше со лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, пред видео-конференцијата што ќе ја одржи со рускиот претседател Владимир Путин, за украинското прашање разговараше со лидерите на Франција, Германија, Италија и Англија.

Во писменото соопштение од Белата куќа се истакнува Бајден остварил телефонски разговари со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон,.

За време на средбите, лидерите ја изразија својата загриженост поради масовноста на руските војници на украинската граница и нејзината се поостра реторика.

Поканувајќи ја Русија да ги деескалира тензиите, лидерите истакнаа дека дипломатијата, особено преку Нормандискиот формат, е единствениот начин за решавање на проблемот во Донбас преку Минските договори.

Истакнувајќи ја нивната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, лидерите се согласија за близок контакт за заеднички пристап кон ова прашање.

Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека ќе ги искористат сите дипломатски средства за решавање на руско-украинската тензија и дека во случај на руска инвазија на Украина, военото вклучување не им е меѓу првите избори.



Слични вести