Во хеликоптерска несреќа во Азербејџан загинаа 14 војници, а двајца се ранети

Државните гранични служби на Азербејџан соопштија дека несреќата се случила на полигонот за воздушна обука Карахејбет околу 10:40 часот по локално време и дека загинаа 14 азербејџански војници, а двајца се ранети

1740955
Во хеликоптерска несреќа во Азербејџан загинаа 14 војници, а двајца се ранети

Во хеликоптерската несреќа што се случи при уривање на воен хеликоптер на Државните гранични служби во Азербејџан во областа Хизи, станаа шехиди (загинаа) 14 азербејџански војници, а двајца се ранети.

Државните гранични служби на Азербејџан соопштија дека несреќата се случила на полигонот за воздушна обука Карахејбет околу 10:40 часот по локално време.

Надлежни заминаа на местото на несреќата и е започната истрага во врска со оваа трагична несреќа.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев објави порака во која изрази сочувство до семејствата и блиските на војниците кои ги загубија животите во несреќата.

Во меѓувреме, и Турција објави порака со сочувство за азербејџанските војници кои станаа шехиди (загинаа) во воениот хеликоптер што се урна на полигонот за воздушна обука Карахејбет во Азербејџан.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) се истакнува дека со длабоко жалење е разбрано дека се урнал воен хеликоптер за време на обука за летање на полигонот Карахејбет во реонот Хизи во Азербејџан и дека во несреќата има шехиди (загинати) и ранети.

Во соопштението им е посакана милост на шехидите (загинатите) и брзо оздравување на ранетите.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така во пораката со сочувство што ја објави на својот профил преку социјалната медија напиша. „Им посакувам милост од Семоќниот Алах на нашите браќа од Азербејџан кои станаа шехиди (загинаа) во хеликоптерската несреќа што се случи денеска и побрзо оздравување на ранетите. Со сочувство до народот на Азербејџан.“

Потпретседателот Фуат Октај во пораката објавена на својот профил преку социјалната медија напиша: „Им посакувам милост од Аллах на нашите браќа од Азербејџан кои станаа шехиди (загинаа) во трагичната несреќа на воениот хеликоптер што се случи денеска, а на нашите ранети им посакувам побрзо оздравување.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со неговиот колега, азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов на кого му го достави своето сочувство за војниците кои станаа шехиди (загинаа) во хеликоптерската несреќа и им посака побрзо оздравување на ранетите војници.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговори со министерот за одбрана на Азербејџан генерал на армија Закир Хасанов и со шефот на Државните гранични служби генерал на армија Елчин Гулиев до кои го изрази своето сочувство.

Министерот Акар во разговори  им посака милост од Аллах на шехидите (загинатите) војници во хеликоптерот на Државните гранични служби што се урна во Карахејбетли, а на ранетите им посака оздравување.

Акар го изрази своето сочувство до пријателскиот и братски народ на Азербејџан и им посака трпение на семејствата на војниците шехиди (загинатите).

Во објавеното соопштение на Твитер профилот на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Со жалење дознавме за веста дека во братски Азербејџан се урнал хеликоптер на Државните гранични служби. Им посакуваме милост од Аллах на нашите шехиди (загинати) кои ги загубивме во овој жалосен настан, на нашите ранети им посакуваме побрзо оздравување. Изразуваме сочувство и досите наши азербејџански браќа и посакуваме трпение.“

 



Слични вести