Реакција од Гутерес на ограничувањата за патување во земјите од Јужна Африка поради варијантата Омикрон

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес рече: „Народот на Африка не треба да биде казнет поради тоа што утврдува и споделува важни научни и здравствени податоци со светот.“

1740491
Реакција од Гутерес на ограничувањата за патување во земјите од Јужна Африка поради варијантата Омикрон

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес реагираше на воведувањето ограничувања за патување во земјите од Јужна Африка поради варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Гутереш во дадената изјава по ова прашање ја изрази својата длабока загриженост поради изолацијата на јужноафриканските земји поради варијантата Омикрон.

Велејќи дека тој бројни пати предупредува во однос на тоа оти недостатокот од вакцини создава простор за појава на нови варијанти, Гутерес истакна дека африканскиот народ не може да се смета за одговорен поради нискиот процент на вакцинација во Африка поради недостаток од вакцини.

Тој рече: „Народот на Африка не треба да биде казнет поради тоа што утврдува и споделува важни научни и здравствени податоци со светот.“

Обраќајќи им се на земјите кои воведоа ограничувања за патување во земјите од Јужна Африка, Гутерес повика да се дозволи патување и економски ангажман со преземање на ефикасни мерки како што е тестот за Ковид-19.

Инакуи, пред неколку дена беше соопштено дека на 25 ноември во Јужноафриканската Република е утврдена варијантата B.1.1.529 на која од страна на Светската здравствена организација (СЗО) и беше дадено името „Омикрон“.

Потоа голем број земји меѓу кои и Турција поради појавата на варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесоа одлука за воведување забрана за патување во земјите од Јужна Африка.



Слични вести