СЗО: Варијантата Омикрон создава многу висок глобален ризик и може да предизвика сериозни последици

Варијантата на коронавирусот којашто за прв пат е утврдена во Јужна Африка, сега е проширена во многу земји, вклучувајќи ги Израел, Германија, Белгија и Канада, а повторно се започнати низа ограничувања и во патувањата во Европа, Азија и Северна Америка

1740266
СЗО: Варијантата Омикрон создава многу висок глобален ризик и може да предизвика сериозни последици

Светската здравствена организација (СЗО) соопштидека варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) создава „многу висок“ глобален ризик и може да предизвика сериозни последици во некои делови на светот.

Организацијата вчера соопшти дека нема јасен доказво однос на тоа дека новата варијанта предизвикува потешка болест или дека се пренесува побрзо во споредба со другите варијанти.

Варијантата на коронавирусот којашто за прв пат е утврдена во Јужна Африка, сега е проширена во многу други земји, вклучувајќи ги Израел, Германија, Белгија и Канада. Повторно се започнати низа ограничувања и во патувањата во Европа, Азија и Северна Америка.

Експерти за јавно здравје велат дека новата варијанта наречена Омикрон носи голем број мутации со коишто би можела да стане позаразна или да ја зголемат веројатноста да предизвика сериозно заболување во споредба со варијантата Делта.

Односно, самата варијанта има бројни мутации кои би можеле да го олеснат избегнувањето на антителата кои се развиваат во телото по примањето на вакцината за Ковид-19. Сепак нејзината отпорност на вакцини сè уште е во фаза на истражување.

Познато е дека варијантата Омикрон има симптоми како што се 1-2 дена болки во мускулите, замор, блага/мала кашлица и некои од заболените се лекуваат дома.

 



Слични вести