Палестинскиот претседател Махмуд Абас: Нема да живееме вечно под окупација

Палестинскиот претседател Махмуд Абас Абас го повтори повикот за сеопфатен и праведен мир во рамките на решението со две држави и истакна дека нема да дозволат да продолжи вечно израелската окупација на палестинските територии

1740422
Палестинскиот претседател Махмуд Абас: Нема да живееме вечно под окупација

Палестинскиот претседател Махмуд Абас испрати аудио снимка до конференцијата што се одржа во градот Рамалах на окупираниот Западен Брег по повод 29 ноември Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, а во организација на Отворениот универзитет во Ерусалим (Кудс) во склопот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

Абас го повтори повикот за сеопфатен и праведен мир во рамките на решението со две држави и истакна дека нема да дозволат да продолжи вечно израелската окупација на палестинските територии.

Махмуд Абас во својот говор рече: „Нема да прифатиме да продолжи вечно окупацијата на нашата земја и нашите територии и на нашиот народ, нема да ги прифатиме вистината на апартхејдот што го применуваат окупаторските власти, угнетувањето, притисокот и агресивните применувања коишто ги вршат врз нашиот народ.“

Привлекувајќи внимание на потребата од воспоставување на сеопфатен и праведен мир во рамките на решението со две држави, палестинскиот лидер Махмуд Абас го истакна следното: „Ние сè уште вложуваме напори за постигнување на праведен и сеопфатен мир во согласност со решението со две држи и резолуциите за меѓународна легитимност, под покровителство на Блискоисточната четворка (Русија, Соединетите Американски Држави, Европската Унија (ЕУ), Обединетите нации (ОН)).“

Махмуд Абас исто така нагласи дека доколку Израел не пристапи кон решението со две држави и не ја прекине окупацијата ќе бидат приморени да посегнат по различни решенија, но притоа не сподели повеќе детали по ова прашање.



Слични вести