Новата варијанта на Ковид-19 Омикрон се шири низ светот

Како што се истакнува варијантата Омикрон била забележана кај 13 лица меѓу патниците кои патувале од Јужна Африка во Холандија, додека холандскиот министер за здравство рече дека би можело да има повеќе случаи на варијантата Омикрон во земјата

1739871
Новата варијанта на Ковид-19 Омикрон се шири низ светот

Варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се шири низ светот.

Како што се истакнува варијантата Омикрон била забележана кај 13 лица меѓу патниците кои патувале од Јужна Африка во Холандија.

Холандскиот министер за здравство рече дека би можело да има повеќе случаи на варијантата Омикрон во земјата.

Данскиот институт „Серум'  соопшти дека варијантата Омикрон била евидентирана кај двајца од патниците кои патувале од Јужна Африка.

Во Италија исто така е евидентирана варијантата Омикрон кај лице кое дошло од Мозамбик.

Како што се истакнува здравствената состојба на лицето кое било вакцинирано со две дози вакцина е добра. Позитивниот случај и лицата од неговото семејство со кои контактирало лицето биле ставени во карантин и нивната состојба била под лекарски надзор.

Во Сиднеј, Австралија, варијантата Омикрон е откриена кај двајца патници кои дошле од Јужна Африка. Како што се истакнува лицата за кои станува збор стигнале во земјата преку Доха со авион на „Катар Ервајс“. Двајцата патници кои биле ставени во изолација биле асимптоматски случаи и биле целосно вакцинирани.

Властите во австриската покраина Тирол исто така соопштија дека патник кој минатата недела се вратил од Јужна Африка имал симптоми на новата варијанта и дека неговиот резултат од тестот за Ковид-19 бил позитивен. Меѓутоа надлежни истакнуваат дека за потврда е потребно подетално испитување во наредните денови.

Во Велика Британија по евидентирањето на два случаи со варијантата Омикрон се преземени дополнителни превентивни мерки. Без разлика на нивната состојба со вакцинација секое лице коие ќе влезе во земјата ќе мора да направи PCR тест 2 дена по пристигнувањето. Исто така повторно е воведено и задолжителното носење маски на затворени места како што се возилата за јавен превоз и продавниците.

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ги ограничи влезовите од Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија, Јужна Африка и Зимбабве кадешто е забележана новата варијанта на коронавирусот Омикрон.

Грузија применува 14-дневен карантин за оние кои ќе дојдат од 8 африкански земји кадешто е откриена варијантата Омикрон, додека Израел соопшти дека е забранет влезот на странците во земјата, со исклучоци.

Пакистан, исто така поради новата варијанта на Ковид-19 Омикрон, започна да применува ограничувања за патување во 6 африкански земји и Хонгконг, Специјалниот административен регион на Кина

Ангола, земја на јужниот дел на Африка на брегот на Атлантскиот океан, објави дека поради варијантата Омикрон одлучила од 1 декември да ги затвори границите кон Јужноафриканската Република, Боцвана, Есватини, Малави, Мозамбик, Намибија и Зимбабве.

 



Слични вести