Во Нигерија се предале повеќе од 14.500 членови на терористичката организација Боко Харам

Портпаролот на претседателството на Нигерија Гарба Шеху рече: „Последните статистички податоци покажуваат дека се предале доброволно повеќе од 14.500 членови на Боко Харам“

1739830
Во Нигерија се предале повеќе од 14.500 членови на терористичката организација Боко Харам

Во Нигерија се предале доброволно повеќе од 14.500 членови на терористичката организација Боко Харам.

Портпаролот на претседателството на Нигерија Гарба Шеху истакна дека во земјата во последно време е постигнат голем успех во борбата против терористичките организации и рече: „Последните статистички податоци покажуваат дека се предале доброволно повеќе од 14.500 членови на Боко Харам.“

Велејќи дека овој напредок во земјата не може да се негира, Шеху наведе дека пред растечкиот криминал и растечката недоверба владата покрена нова полициска иницијатива поддржана од општеството.

И покрај операциите коишто се реализираат во последните години, терористичката организација Боко Харам сè уште претставува сериозен безбедносен проблем во Нигерија како која располага со најбројно население во Африка.

Инаку, во акциите на колективно насилство на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000-дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лица.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Во нападите на организацијата во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица, а приближно 3 милиони лица се раселени.

 



Слични вести