Во Ашкабат, во Туркменистан се одржа 15. Самит на Организацијата за економска соработка

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов рече: „Развивањето на соработката во областа на транспортот и енергијата е меѓу најважните приоритети на Туркменистан во рамките на Организацијата за економска соработка“

1739827
Во Ашкабат, во Туркменистан се одржа 15. Самит на Организацијата за економска соработка

Во Ашкабат, главниот град на Туркменистан се одржа 15. Самит на Организацијата за економска соработка.

На самитот претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му го предаде мандатот на претседателството со организацијата на претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов.

Домаќинот, претседателот на Туркменистан Бердимухамедов на отворањето на самитот истакна дека земјите членки на организацијата имаат важни задачи како што се да се користат нивните конкурентни предности и да се стане полноправен учесник во формирањето на новите транспортни и транзитни коридори и енергетските рути.

Бердимухамедов рече: „Развивањето на соработката во областа на транспортот и енергијата е меѓу најважните приоритети на Туркменистан во рамките на Организацијата за економска соработка. Овие сфери одигруваат одлучувачка улога во глобалниот економски раст.“

Подвлекувајќи ја важноста од формирање на мултилатерален транспортен коридор, Гурбангули Бердимухамедов нагласи дека продолжуваат работите за изградба на електричната линија во должина на маршрутата Туркменистан-Авганистан-Пакистан, железничката пруга од Туркменистан до Авганистан и гасоводот Туркменистан-Авганистан-Пакистан-Индија.

Укажа дека почнувајќи од Авганистан освен коридорот Туркменистан-Азербејџан-Грузија-Турција треба да се воспостави и транспортниот коридор Узбекистан-Туркменистан-Иран-Оман, а воедно рече дека правецот на премините исток-запад и југ-север ќе придонесе за интензивирање на трговијата.

Бердимухамедов привлече внимание дека реализацијата на големи инфраструктурни проекти со учество на земјите членки на Организацијата за економска сорбаотка е значаен фактор во создавање на нова геоекономска сфера на континентот и истакна дека инвестициите во овие сфери ќе обезбедат можност и за значајни општествени случувања.

Велејќи дека е значајно учеството на Авганистан во економските процеси, Бердимухамедов рече: „Верувам дека треба да обезбедиме итна и ефикасна хуманитарна помош за авганистанскиот народ во овој тежок период.“

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов исто така ги повика земјите на Организацијата за економска соработка да ја зголемат соработката за да се спречи епидемијата на коронавирусот.

На Самитот на Организацијата за економска соработка што се одржа во Ашкабат, главниот град на Туркменистан, освен претседателот на земјата домаќин Гурбангули Бердимухамедов, учествуваа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Иран Ибрахим Раиси, претседателот на Пакистан Ариф Алви, претседателот на Таџикистан Имамали Рахман, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров и премиерот на Казахстан Аскар Мамин.

 



Слични вести