Варијантата Омикрон се шири во Европа: Евидентирани се два случаи и во Велика Британија

Министерот за здравство на Велика Британија Саџид Џавид на својот профил на социјалните медиуми соопшти дека кај две лица во Велика Британија е утврдена варијантата Омикрон

1739640
Варијантата Омикрон се шири во Европа: Евидентирани се два случаи и во Велика Британија

Кај две лица во велика Британија е утврдена варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која се појави во Јужна Африка.

Министерот за здравство на Велика Британија Саџид Џавид на својот профил на социјалните медиуми соопшти дека кај две лица во Велика Британија е утврдена варијантата Омикрон.

Како што се истакнува едниот случај бил евидентиран во Нотингем, а вториот во Челмсфорд.

Министерот Џавид рече дека биле реализирани дополнителни тестирања на местата каде што се евидентирани случаите и биле преземени неопходните превентивани мерки.

Освен тоа, Велика Британија ги стави на црвениот список и земјите како што се Малави, Мозамбик, Замбија и Ангола.

Во меѓувреме, и министерот за здравство и социјали прашања на покраината Хесен во Германија соопшти дека варијантата Омикрон е евидентирана и во неговата земја.

Инаку, новата варијанта Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) за прв пат во Европа беше евидентиран во Белгија.

 



Слични вести