Велика Британија го стави Хамас на списокот на терористички организации

Во објавеното соопштение од страна на британското Министерство за внатрешни работи се истакнува дека по усвојувањето во Парламентот на доставениот закон на 19 ноември Хамас од денеска (26.11.2021 година) стана забранета терористичка организација

1739455
Велика Британија го стави Хамас на списокот на терористички организации

Велика Британија го стави Исламското движење на отпорот (Хамас) кое управува со Газа во Палестина, на својот список на терористички организации.

Во објавеното соопштение од страна на британското Министерство за внатрешни работи се истакнува дека по усвојувањето во Парламентот на доставениот закон на 19 ноември Хамас од денеска (26.11.2021 година) стана забранета терористичка организација.

Во соопштението се истакнува дека оваа одлука значи дека членовите на Хамас или оние кои повикуваат на поддршка на групата може да бидат осудени на затворска казна до 14 години, додека во рамките на одлуката е ажурирана и листата на терористички организации.

Велика Британија која претходно ги прогласи Бригадите Изетин ал-Касам, воено крило на Хамас, за терористичка организација, со последниот чекор го забрани и политичкото крило на оваа организација.

 



Слични вести