Итно предупредување од ЕУ во врска со новата Б.1.1.529 варијанта на Ковид-19

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на одржаната прес конференција во главниот град на Белгија, Брисел ја изрази својата загриженост дека новата варијанта за неколку месеци би можела да се прошири низ целиот свет

1739429
Итно предупредување од ЕУ во врска со новата Б.1.1.529 варијанта на Ковид-19

Европската унија (ЕУ) издаде итно предупредување во врска со новата B.1.1.529 варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на одржаната прес конференција во главниот град на Белгија, Брисел ја изрази својата загриженост дека новата варијанта за неколку месеци би можела да се прошири низ целиот свет.

Велејќи дека оние кои доаѓаат од региони каде што е забележан вирусот мора да се придржуваат кон строги правила на карантин, фон дер Лејен истакна дека за ситуацијата разговарала со научниците и производителите на вакцини и дека тие исто така ги поддржуваат овие мерки за да се спречи меѓународното ширење на оваа нова варијанта .

Таа рече: „Ако веќе не сте, ве молиме вакцинирајте се што е можно поскоро. Време е за повеќе вакцинирање и дополнителни дози.“

Фон дер Лејен вонејзината претходно дадена изјава предложи да бидат сопрени летовите од јужните делови на Африка кон Европската унија (ЕУ).

Варијантата B.1.1.529 која е забележана кај 9 лица во Јужна Африка и Боцвана се оценува како „супер варијанта“ и е познато дека има 32 мутации.

Продолжуваат истражувањата за да се утврди дали сегашните вакцини се ефикасни против оваа варијанта која засега се забележува ретко.

Турција ги прекина летовите за Јужна Африка уште од 15 ноември, пред да биде откриена новата варијанта.

Пред кусо време беше соопштено дека новата варијанта е евидентирана и кај едно лице во Белгија.

 



Слични вести