Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка само неколку часа по нејзиното назначување

Лидерката на Социјалдемократската партија Магдалена Андерсон која беше назначена за прва жена премиер на Шведска само по изминати 7 часа соопшти дека поднесува оставка

1738376
Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка само неколку часа по нејзиното назначување

Магдалена Андерсон која беше избрана за прва жена премиер на Шведска во историјата на оваа земја, само по изминати 7 часа од нејзиното назначување соопшти дека поднесува оставка.

Лидерката на Социјалдемократската партија Андерсон која доби доверба на гласањето што се одржа вчера во утринските часови во Парламентот потоа беше избрана за прва жена премиер на Шведска.  

Потоа Партијата на Зелените, коалиционен партнер во Владата, соопшти дека се повлекува од Владата откако Парламентот го изгласа буџетот подготвен од страна на десничарските партии.

Имено, наместо предлогот на премиерката Андерсон шведскиот парламент го прифати предлог-буџетот на десничарската опозиција.

Откако Партијата на Зелените се повлече од Владата пак, премиерката Магдалена Андерсон соопшти дека поднесува оставка од премиерската функција.

На тој начин премиерската функција на Магдалена Андерсон траеше само 7 часа.

Копретседателот на Партијата на Зелените Пер Болунд во врска со одлуката за повлекување од коалиционата Влада, го рече следното: „Не сакаме да управуваме со државата со буџетот подготвен од страна на десничарските партии и затоа претпочитавме да се повлечеме од Владата.“

Магдалена Андерсон изјави за новинарите дека го информирала претседателот на парламентот дека сака да поднесе оставка, но и дека ќе се обиде повторно да стане премиер.

 



Слични вести