Дмитро Кулеба: Евентуалниот нов напад на Украина ќе ја чини скапо Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече: „Се обидуваме (рускиот претседател Владимир Путин) да разбере дека евентуелниот нов напад врз Украина ќе ја чини многу скапо Русија и да не се обиде да го проба тоа“

1738850
Дмитро Кулеба: Евентуалниот нов напад на Украина ќе ја чини скапо Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на одржаната онлајн прес конференција истакна дека имаат за цел да обезбедат Русија да избегнува од продолжување на нејзините агресивни дејствија.

Велејќи дека Москва мора да ја разбере штетата што ќе ја претрпе во смисла на политичка, економска и човечка загуба доколку презентира нов бран на агресивност, Кулеба рече: „Се обидуваме (рускиот претседател Владимир Путин) да разбере дека евентуелниот нов напад врз Украина ќе ја чини многу скапо Русија и да не се обиде да го проба тоа.“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нагласи дека во последно време ставот на меѓународната заедница кон Русија станува поостар и истакна дека во многу главни градови во светот се подготвуваат економски мерки кои ќе и наштетат на руската економија.



Слични вести