Кремљ: Путин на 26 ноември во Сочи ќе се состане со Алиев и Пашинјан

Во објавеното писмено соопштение од Кремљ се истакнува дека на 26 ноември во Сочи ќе се одржи трилатерална средба меѓу претседателот Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан

1737750
Кремљ: Путин на 26 ноември во Сочи ќе се состане со Алиев и Пашинјан

Претседателскиот дворец на Русија Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан ќе се состанат во Сочи на 26 ноември.

Во објавеното писмено соопштение од Кремљ се истакнува дека во Сочи ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Алиев и Пашинјан.

Во соопштението во кое се наведува дека средбата ќе се одржи на 26 ноември, се вели следното: „На средбата е планирано да се разговара за имплементацијата на Договорите за Карабах и да се утврдат главните линиии на чекорите коишто ќе бидат преземени за зајакнување на стабилноста и воспоставување на мирниот живот во регионот.“

Во истото соопштение се укажува дека ќе му се придаде посебно значење на прашањето на отворање и развој на трговските и транспортните врски во регионот, а воедно се додава дека рускиот претседател Владимир Путин ќе оствари и одделни билатерални средби со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

 



Слични вести