Германија загрижена од вестите во врска со воената раздвиженост на Русија на границата со Украина

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека се загрижени од вестите во врска со воената раздвиженост (активност) на Русија на границата со Украина

1737749
Германија загрижена од вестите во врска со воената раздвиженост на Русија на границата со Украина

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас говорот што го одржа на Форумот за надворешна политика на фондацијата Körber изјави дека Европската унија (ЕУ) има потреба од добри односи со Русија.

Мас истакна дека се загрижени од вестите во врска со воената раздвиженост (активност) на Русија на границата со Украина.

Нагласувајќи дека затоа треба да се постигне напредок на основа на Договорите од Минск, особено во решавањето на конфликтот во источниот дел на Украина, Мас ја изнесе следната констатација: „Русија во последно време одби да се одржи состанок на министрите за надворешни работи во Нормандиски формат. Вестите коишто пристигнуваат во врска со раздвиженоста (активностите) на руските единици во пограничниот регион на Украина се крајно загрижувачки.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека овие случувања покажуваат дека „топката за решавање на актуелните недоследности е на теренот на Москва“, а воедно додаде дека лично е сигурен во тоа оти Европската унија (ЕУ) во иднина ќе биде едногласна по прашањето на Русија.



Слични вести