Во несреќата во сојузната американска држава Висконсин има смртни случаи и повредени

Началникот на полицијата во Ваукеша, Ден Томпсон изјави дека има луѓе кои ги загубиле животите во инцидентот, но не наведе бројка

1736979
Во несреќата во сојузната американска држава Висконсин има смртни случаи и повредени

Во несреќата во која возачот со своето возило возеше над толпата во сојузната држава Висконсин на Соединетите Американски Држави (САД), има смртни случаи и повредени.

На сликите што беа објавени на социјалните мрежи, може да се види како едно црвено SUV возило во градот Ваукеша, брзо се втурна во толпата што одржуваше божиќна парада. На сликите се отсликани и моментите на паника доживеани за време на инцидентот и повредените лица кои лежат на земја како резултат на судирот на возилото.

Началникот на полицијата во Ваукеша, Ден Томпсон изјави дека има луѓе кои ги загубиле животите во инцидентот, но не наведе бројка.

Томпсон рече дека 23 лица, од кои 12 деца, се повредени и дека е приведен еден осомничен.

 



Слични вести