Алиев и Пашинјан ќе се состанат во декември во главниот град на Белгија, Брисел

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел оствари телефонски разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан кои постигнаа согласност да се состанат во декември во главниот град на Белгија, Брисел

1736265
Алиев и Пашинјан ќе се состанат во декември во главниот град на Белгија, Брисел

Европскиот совет соопшти дека претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и премиерот на Ерменија Никол Пашинјан ќе се состанат во месец декември во главниот град на Белгија, Брисел.

Во објавеното соопштение од Европскиот совет се истакнува дека претседателот на Советот Шарл Мишел во рамките на ситуацијата во регионот и подготовките за Самитот на источното партнерство што ќе се одржи на 15 декември оствари телефонски разговори со Алиев и Пашинјан.

Притоа Мишел им понуди на Алиев и Пашинјан да биде домаќин на состанок во Брисел во рамките на Самитот.

Како што се истакнува лидерите постигнаа согласност да се сретнат во Брисел за да разговараат за ситуацијата во регионот и методите за надминување на тензиите.

Во телефонските разговори Алиев и Пашинјан се договорија и за воспоставување директна линија за комуникација и дека оваа линија ќе биде воспоставена помеѓу министрите за одбрана на двете страни како „механизам за спречување на инцидентите“.



Слични вести