Претстојните избори во Либија

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1735851
Претстојните избори во Либија

 

Како што се приближуваат изборите во Либија, кои се планирани да се одржат во декември, тензиите во земјата почнаа да се зголемуваат. Поради многуте неизвесности како што се дали ќе се одржат избори, каков изборен процес ќе функционира, определување изборни единици и определување кандидати, се појави нов процес. Партиите во Либија сакаат избори поради надворешните притисоци и загриженоста за легитимноста, но не се знае под кои услови и како ќе се одржат изборите.

За време на изборниот процес може да се очекува дека Хафтар и неговите држави поддржувачи ќе дојдат до израз. Интересен развој на настаните е тоа што Хафтар се стреми да биде претседател на Либија и покрај неговото американско државјанство. Бидејќи либискиот изборен закон ги спречува двојните државјани да бидат кандидати на изборите. Поради оваа причина, Собранието со седиште во Тобрук, под влијание на Хафтар, ги остави настрана формалните прашања што треба да ги има законот и се обиде да донесе изборен закон без да го земе предвид кворумот и процедурата.

Како што се очекуваше, Врховниот државен совет со седиште во Триполи, кој е другото тело што го претставува народот, соопшти дека не го признава овој закон. Дополнително, додека претседателот на Советот, Халид Ел Мишри, во својот говор ја нагласи неопходноста од одржување избори, тој потсети на техничката неможност за избори и изјави дека нема да прифатат актери како Хафтар да седнат на претседателската функција. На крајот од својот говор тој повика на бојкот на изборите. Ова покажува дека секој ден е се поверојатен изборен бојкот на страната од Триполи.

Покрај сето ова, нема консензус за заеднички кандидат меѓу актерите од Триполи. Во меѓувреме, нова дискусија започна најавата на Сејфулислам, синот на Гадафи дека е кандидат за претседател. Позиционирајќи се како алтернативен кандидат меѓу Истокот и Западот, Сејфулислам исто така го повика народот да учествува на изборите. Во средина каде што аспирацијата на Хафтар за претседател е прифатена наспроти неговите злосторства, отворено прашање е како општеството пристапува кон кандидатурата на Сејфулислам. Во некои области веќе се одржаа протести, а јавноста истакна дека кандидатурата на Сејулислам е неприфатлива.

Алтернативните пристапи како одржување или неодржување избори во Либија, без разлика дали тие се сметаат за легитимни или не, дури и ако се одржат, сè уште остануваат нејасни. Сепак, се чини дека изборите може да започнат нов процес во Либија и повторно да ги поттикнат овие конфликти. Затоа што Хафтар дефинитивно ќе сака да излезе како победник од овие региони со внимателно следење на гласовите на гласачите под сенката на пушките во неговиот регион. Незамисливо е да се има слободен избор под сенката на оружјето. Другите актери нема да го прифатат овој резултат и ќе настане нова тензија со изборите. Оваа ситуација може да го наруши прекинот на огнот што трае веќе некое време и да предизвика Либија повторно да биде втурната во хаос.

Во таков амбиент, фактот што Франција влијае на процесот во Либија со парискиот процес ја прави ситуацијата уште почувствителна. Изборите нема да ги решат проблемите во Либија, но изборите ќе ја обликуваат судбината на земјата.

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)



Слични вести