Пентагон: „САД ги признаваат потребите за воена модернизација на турските вооружени сили“

Делегациите ќе ја формираат основата на низа функционални и регионални прашања кои беа изнесени на средбите меѓу претседателите Бајден и Ердоган

1735485
Пентагон: „САД ги признаваат потребите за воена модернизација на турските вооружени сили“

Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) (Пентагон) соопшти дека САД „ги признаваат потребите за воена модернизација на турските вооружени сили“.

Пентагон објави соопштение во врска со состанокот на Групата за одбрана на високо ниво меѓу турско-американските министерства за одбрана што се одржа во Пентагон на 16 ноември.

Во соопштението беше истакнато дека потсекретарот на Министерството за одбрана Лаура Купер, која ја предводеше американската делегација, изјави дека ги „признаваат потребите за воена модернизација на турските вооружени сили. Делегациите ќе ја формираат основата на низа функционални и регионални прашања кои беа изнесени на средбите меѓу американскиот претседател Џо Бајден и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и министерот за одбрана Лојд Остин и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Посочувајќи дека на средбата се разговарало за тероризмот и безбедносните прашања во Авганистан, Африка, Јужен Кавказ, Источниот Медитеран и Блискиот Исток, беше истакнато дека Купер ја истакна и соработката во Црното Море.

Купер во изјавата рече дека „Двете страни разговараа и за билатералната одбранбена соработка и нашата цел е да ги унапредиме нашите долготрајни одбранбени односи. Потсекретарот Купер повтори дека САД ги признаваат потребите на Турција за модернизација како дел од нејзината поддршка за НАТО“.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана во врска со средбата беше наведено дека „средбата меѓу делегациите поминала во позитивна и конструктивна атмосфера“.



Слични вести