25 цивили загинаа во два вооружени напади во градот Тахуа во Нигер

Во градовите Тилија и Тахуа нема струја, бидејќи во нападите биле оштетени електричните системи

1735718
25 цивили загинаа во два вооружени напади во градот Тахуа во Нигер

 

25 цивили загинаа во два вооружени напади во градот Тахуа, на границата на Нигер со Мали.

Според информациите на националните медиуми, неидентификувани лица ги нападнале општините Тилија и Тахуа во градот Тахуа.

Во двата напада животот го загубија 25 цивили.

Вооружените напаѓачи ограбиле јавни згради како што се градското собрание и здравствените центри, а потоа ги запалиле и побегнале од областа.

Се наведува дека во градовите Тилија и Тахуа нема струја, бидејќи во нападите биле оштетени електричните системи.

Терористичките групи поврзани со Ал Каеда и ДАЕШ кои дејствуваат во соседната земја Мали, исто така, често вршат напади во Буркина Фасо и Нигер.

Иако Нигер спроведува заеднички воени операции со својот друг сосед Сахел, Буркина Фасо, не може да ја ослаби моќта на терористичките групи стационирани во Мали.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), во последните 3 години поради терористичките напади во Нигер, раселени се 313 илјади луѓе, а 235 илјади луѓе морале да се засолнат во соседните земји.

Организацијата за следење на човековите права „Хјуман рајтс воч (ХРВ)“ соопшти дека од јануари до јули, во 9 терористички напади на границата на Нигер со Мали и Буркина Фасо, биле убиени 420 цивили.



Слични вести