Полската Влада покажа реакција на разговорот на Меркел и Макрон со Лукашенко и Путин

Портпаролот на полската влада Пјотр Милер во дадената изјава за државната телевизија „ТВП Инфо“ истакна дека е погрешно тоа што Меркел и Макрон разговараа со Путин и Лукашенко во врска со мигрантската криза на белоруско-полската граница

1735276
Полската Влада покажа реакција на разговорот на Меркел и Макрон со Лукашенко и Путин

Полската влада покажа реакција на разговорот на германската канцеларка Ангела Меркел со белорускиот претседател Александар Лукашенко и на францускиот претседател Емануел Макрон со рускиот претседател Владимир Путин, во врска со мигрантската граница со Белорусија.

Портпаролот на полската влада Пјотр Милер во дадената изјава за државната телевизија „ТВП Инфо“ истакна дека е погрешно тоа што Меркел и Макрон разговараа со Путин и Лукашенко во врска со мигрантската криза на белоруско-полската граница.

Велејќи дека биле информирани од страна на Германија пред телефонскиот разговор помеѓу Меркел и Лукашенко, Милер рече: „Да бидам искрен, мене ми е чудно бидејќи во извесна смисла тоа значи прифаќање на неговиот избор (изборот на Лукашенко за претседател). Ја разбирам ситуацијата, но тоа што се случи, сметам дека е погрешно.“

Портпаролот на полската влада Пјотр Милер напомена дека е нормално Германија и Франција да разговараат со руските и белоруските функционери, но дека тие немаат надлежност за тоа, а воедно додаде дека е правилно тоа што им е дадена јасна порака на Путин и Лукашенко во врска со кризата на границата со Белорусија.



Слични вести