Министерството за одбрана на Азербејџан: Во судирите загинаа 7 наши војници, 10 војници се ранети

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во судирите коишто започнаа по провокациите на ерменската армија на границата станаа шехиди (загинаа) 7 војници меѓу кои и еден поручник, а 10 војници се ранети

1734978
Министерството за одбрана на Азербејџан: Во судирите загинаа 7 наши војници, 10 војници се ранети

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека во вчерашните вооружени судири на границата со Ерменија станаа шехиди (загинаа) 7 азербејџански војници, а 10 војници се ранети.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството се истакнува дека во судирите коишто започнаа по провокациите на ерменската армија на границата, станаа шехиди (загинаа) 7 војници меѓу кои и еден поручник, а 10 војници се ранети.

Во соопштението се наведува дека провокацијата на Ерменија заврши со неуспех и дека од вчера во вечерните часови состојбата на границата е нормализирана.

Во истото соопштение се изразува сочувство до семејствата и блиските на војниците кои станаа шехиди (загинаа) и се наведува дека целата одговорност за случувањата им припаѓа на властите во Ереван.

Инаку, ерменската армија со цел да заземе некои високи места на границата и да се стекне со попогодни позиции вчера во 11:00 часот по локално време започна напади во правец на Лачин и Келбеџер.

Во иста насока операција започна и азербејџанската армија со што беа спречени нападите на Ерменија.

Потоа со стапување во акција на Русија судирите престанаа и беше прогласен прекин на огнот помеѓу страните.



Слични вести