Мигрантската криза на белоруско-полската граница

Белоруската истражна комисија започна истрага во регионот по судирот меѓу мигрантите  и полските безбедносни сили на границата

1735231
Мигрантската криза на белоруско-полската граница

Еден дел од оние на белоруско-полската граница кои сакаат да мигрираат во Европа од граничниот премин се вратија во кампот во шумската област, некои отидоа во логистичкиот центар што беше подготвен за да ја поминат ноќта.

На границата Брузги во градот Гродно во Белорусија, повеќето кои заминале во Белорусија со виза од Ирак кои во потрага да мигрираат во Европа се обидуваат од оваа земја да преминат во Полска, го напуштија граничниот премин.

Еден дел од оние кои го напуштија граничниот премин по интервенцијата на полските безбедносни сили на групите кои се обидуваа да ги преминат бариерите во близина на граничната порта, се вратија во кампот што го формираа во шумската област минатата недела, додека некои формираа камп во близина на границата.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и издаде директива на губернијата на Гродно да подготви еден покриен простор кадешто мигрантите кои чекаат на границата ќе можат да ноќеваат.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и наложи на Канцеларијата на гувернерот на Гродно да подготви затворен простор за ноќевањето на пограничните луѓе.

Во меѓувреме, белоруската истражна комисија започна истрага во регионот по судирот меѓу мигрантите  и полските безбедносни сили на границата.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Белорусија Анатолиј Глаз во врска со интервенцијата на полските безбедносни сили врз групите на белоруска страна на границата го рече следното: „Бесмислено е да се каже дека таквите видови акции директно ги прекршуваат постоечките билатерални и меѓународни договори. Мене лично ми е тешко да помислам како може да се објасни употребата на специјална опрема на територијата на една друга суверена држава. Затоа, секако дека од нас ќе биде доставена официјална реакција.“

И во објавеното соопштение од Државната гранична комисија на Белорусија се истакнува следното: „Евидентирано е користење на специјална опрема и муниција против невооружени луѓе од страна на полските безбедносни сили.“

Освен тоа, според извори од ирачкото Министерство за надворешни работи, 170 лица кои се наоѓаат на белоруско-полската граница се обратија до ирачката амбасада во Минск за да се вратат во земјата, а за 55 лица се подготвени транзитни пасоши.

Во меѓувреме, Обединетите нации (ОН) повикаа на неупотреба на сила против мигрантите на белоруско-полската граница кои сакаат да мигрираат во Европа.

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), на приредениот дневен брифинг со новинарите изјави дека сè уште не успеале да ја потврдат интервенцијата на полските безбедносни сили со солзавец и водени топови врз мигрантите на границата, но дека таквиот начин на постапување е погрешно.

Полскиот вицепремиер и претседател на владејачката Партија на „Правото и правдата“ (ПиС) Јарослав Качински пак, истакна дека не се очекува мигрантската криза на полско-белоруската граница да се претвори во вооружен конфликт.

Качински, опишувајќи ја кризата на полско-белоруската граница како хибридна војна, рече: „Хибридната војна продолжува, но засега не е на видик конфликт во кој ќе се користи оружје.“

Качински нагласи дека тензијата на границата може да продолжи уште долго, додека за изјавите на Белорусија дека им помага на бегалците рече дека не ја одразуваат вистината.

 



Слични вести