ЕУ длабоко загрижена од судирите на азербејџанско-ерменската граница

Во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се истакнува дека се чувствува загриженост од конфликтите кои стануваат причина за човечки загуби на границата на двете земји

1735223
ЕУ длабоко загрижена од судирите на азербејџанско-ерменската граница

Европската унија (ЕУ) ја изрази својата длабока загриженост поради неодамнешните судири во пограничниот регион меѓу Азербејџан и Ерменија.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се истакнува дека се чувствува загриженост од конфликтите кои стануваат причина за човечки загуби на границата на двете земји.

Во соопштението се наведува дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше телефонски за ситуацијата со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан и се вели дека Мишел повика на намалување на тензијата и почитување на прекинот на огнот.

Во соопштението стои дека Европската унија (ЕУ) ги повика Ерменија и Азербејџан да покажат воздржаност, да ги оддалечат своите сили на теренот едни од други, да ги почитуваат претходно потпишаните трилатерални договори и да продолжат со преговорите за сеопфатно решение на проблемите, вклучително и работите за демаркација на границата.

Инаку, ерменската армија со цел да заземе некои високи места на границата и да се стекне со попогодни позиции вчера во 11:00 часот по локално време започна операција во правец на Лачин и Келбеџер.

Во иста насока операција започна и азербејџанската армија со што беа спречени нападите на Ерменија.

Во судирите станаа шехиди (загинаа) 7 азербејџански војници, а 10 војници беа ранети.

Со стапување во акција на Русија судирите престанаа и беше прогласен прекин на огнот.

 



Слични вести