САД ја повикаа Русија да го искористи своето влијание врз Белорусија во врска со мигрантската криза

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на одржаната дневна прес-конференција истакна дека САД ја следат одблизу и внимателно мигрантската криза на полско-белоруската граница

1734428
САД ја повикаа Русија да го искористи своето влијание врз Белорусија во врска со мигрантската криза

Соединетите Американски Држави (САД) ја повикаа Русија да го искористи своето влијание врз Белорусија во врска со мигрантската криза на полско-белоруската граница.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на одржаната дневна прес-конференција истакна дека САД ја следат одблизу и внимателно мигрантската криза на полско-белоруската граница.

Таа рече: „Ние сме во близок контакт со нашите европски партнери за да биде прогласен за одговорен режимот на Лукашенко (белорускиот претседател)  за она што се случува, вклучувајќи и воведување на санкции.“

Велејќи дека не очекува во скоро време да се оствари телефонски разговор помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки ја изнесе следната констатација: „Ја повикуваме Русија да го искористи своето влијание врз Белорусија за да ја запре злоупотребата на режимот на Лукашенко врз мигрантите. Не се сомневаме во врската помеѓу Русија и Белорусија и моќта на Русија да го стори тоа.“



Слични вести