Лукашенко и Путин разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница

Александар Лукашенко и Владимир Путин во остварениот телефонскиот разговор се осврнаа на ситуацијата на белоруско-полската граница и на заедничките активности на Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија, во сферата на одбраната

1734747
Лукашенко и Путин разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница.

Во објавеното соопштение од кабинетот на белорускиот претседател, се истакнува дека двајцата лидери Лукашенко и Путин во телефонскиот разговор се осврнаа на ситуацијата на белоруско-полската граница и на заедничките активности на Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија, во сферата на одбраната.

Во соопштението се вели дека беше разговарано и за ситуацијата во Украина и за непланираните воени вежби на Соединетите Американски Држави (САД) на границите на Русија и во Црното Море.

Исто така се додава дека белорускиот претседател Александар Лукашенко го информираше рускиот претседател Владимир Путин и во врска со остварениот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.



Слични вести