ЕУ воведе санкции кон уште четворица министри на Асадовиот режим

Според објавеното писмено соопштение на од Европскиот совет, на списокот со санкции се додадени министерот за внатрешна трговија Амр Салем, министерот за информирање Бутрос ал Халак, министерот за труд Мохамад Сеифедине и државниот министер Диала Баракат

1734273
ЕУ воведе санкции кон уште четворица министри на Асадовиот режим

Европската Унија (ЕУ) соопшти дека на списокот со санкции се додадени уште четворица министри на режимот на Башар Асад во Сирија.

Според објавеното писмено соопштение од Европскиот совет, на списокот со санкции се додадени министерот за внатрешна трговија Амр Салем, министерот за информирање Бутрос ал Халак, министерот за труд Мохамад Сеифедине и државниот министер Диала Баракат.

Освен тоа во соопштението се наведува дека целта на санкциите на Европската унија (ЕУ) е да се изврши притисок врз режимот да донесе трајно политичко решение за сириската криза во согласност со резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

На списокот со санкции на Европската унија (ЕУ) се наоѓаат околу 290 функционери на режимот на Асад и бизнисмени кои го финансираат режимот, како и уште 70 институции и компании.

Санкциите които се применуваат врз режимот на Асад од 2011 година содржат забрана за патување и замрзнување на имотот во земјите на Европската унија (ЕУ).

Освен санкциите за увоз на нафта, Европската унија (ЕУ) воведе и санкции врз Асадовиот режим како што се ограничувања за инвестиции, замрзнување на средствата на Централната банка на Сирија во ЕУ и ограничување за продажбата на одредена опрема.

 



Слични вести