ЕУ одлучи да го прошири опсегот на режимот на санкции против Белорусија

Администрацијата на ЕУ ја обвинува Белорусија дека ги користи овие луѓе како алатка за дестабилизација на ЕУ

1734122
ЕУ одлучи да го прошири опсегот на режимот на санкции против Белорусија

 

По кризата на полската граница, Европската унија (ЕУ) одлучи да го прошири опсегот на режимот на санкции против Белорусија.

Според соопштението на Европскиот совет, со одлуката донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, главниот град на Белгија, ќе се овозможи да се одговори на употребата на луѓето како оружје за политички цели на на „белорускиот режим“.

Амандманот донесен во рамките на режимот на санкции против Белорусија со одлука и регулатива на Европскиот совет, ги проширува критериумите за поединци и организации да бидат вклучени во листата на санкции.

На тој начин, со санкции ќе биде можно да се таргетираат поединци и организации кои организираат или придонесуваат за активности кои го олеснуваат нелегалниот премин од Белорусија во земјите на ЕУ како Полска, Литванија, Латвија.

Илјадници луѓе од земји како Ирак, Сирија и Авганистан се обидоа да влезат од Белорусија, во соседните земји на ЕУ, особено во Полска, што во последните неколку недели предизвика криза меѓу ЕУ и Белорусија.

Администрацијата на ЕУ ја обвинува Белорусија дека ги користи овие луѓе како алатка за дестабилизација на ЕУ. Белорусија го негира обвинението.



Слични вести