Меѓународна конференција за Либија во Париз во копретседателство на Франција, Германија и Италија

На конференцијата во Домот на хемијата во Париз во копретседателство на Франција, Германија и Италија учествуваат 30 земји и 6 меѓународни организации, додека Турција ја претставува заменик министерот за надворешни работи Седат Онал

1733333
Меѓународна конференција за Либија во Париз во копретседателство на Франција, Германија и Италија

Во главниот град на Франција, Париз започна Меѓународната конференција за Либија што се одржува во копретседателство на Франција, Германија и Италија.

На конференцијата во Домот на хемијата во Париз учествуваат 30 земји и 6 меѓународни организации меѓу кои беа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги, либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе, претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи, потпретседателката на Соединетите Американски Држави (САД) Камала Харис, египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси, лидерот на Јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како и високи функционери на некои африкански земји, на Обединетите Арапски Емирати (БЕА) и Катар.

Турција на конференцијата ја претставува заменик министерот за надворешни работи Седат Онал.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ќе учествува преку видео конференција.

На конфреенцијата не учествува алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун и Алжир е претставуван од страна на министерот за надворешни работи Рамтан Ламамра.

По конференцијата се очекува францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Драги да одржат заедничка прес конференција.

Пред конференцијата, францускиот претседател Емануел Макрон се состана со либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе и со претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи.

Претходно беше соопштено дека алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун нема да учествува на конференцијата поради тоа што се „непогодни условите“.

 



Слични вести