Бројот на загинатите во експлозијата на цистерна со гориво во Сиера Леоне се зголеми на 131 лице

Светската здравствена организација (СЗО) испрати 6,6 тони итна медицинска помош во Сиера Леоне за интервенција на повредените во несреќата.

1732440
Бројот на загинатите во експлозијата на цистерна со гориво во Сиера Леоне се зголеми на 131 лице

Бројот на загинатите во експлозијата на цистерна со гориво што се случи на 5 ноември во Фритаун, главниот град на западноафриканската држава Сиера Леоне, се зголеми на 131 лице.

Мохамед Ламрана Бах од Националната агенција за управување со катастрофи, изјави дека продолжува лекувањето на 63 лица кои беа повредени во несреќата во областа Велингтон источно од Фритаун и дека здравствената состојба на 19  повредени е критична.

Светската здравствена организација (СЗО) испрати 6,6 тони итна медицинска помош во Сиера Леоне за интервенција на повредените во несреќата.

Инаку, во експлозијата што се случи на 5 ноември поради судир на цистерна со гориво и друго возило во  главниот град на Сиера Леоне, Фритаун, најпрвин беше соопштено дека загинаа повеќе од 115 лица, а има и над 100 повредени, додека според последни добиени информации животите ги загубија 131 лице, а повеќе од 100 лица се повредени.

Во чест на загинатите во несреќата беше прогласена тридневна жалост во оваа западноафриканска држава.



Слични вести