Aл Ќазими: „Знаеме кои се луѓето кои ја нападнаа мојата куќа со вооружени беспилотни летала“

Ќе тргнеме по трагите на сторителите и многу добро знаеме кои се тие, наскоро ќе ги објавиме

1730659
Aл Ќазими: „Знаеме кои се луѓето кои ја нападнаа мојата куќа со вооружени беспилотни летала“

 

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими рече дека знаат кои се луѓето кои ја нападнаа неговата куќа со вооружени беспилотни летала (СИХА).

Ќазими, кој Министерскиот совет во Багдад го свика со вонредна агенда, во својот говор рече:

„Ќе тргнеме по трагите на сторителите и многу добро знаеме кои се тие, наскоро ќе ги објавиме“.

Во меѓувреме беше утврдено дека околу Зелената зона и некои други точки на главниот град Багдад беа поставени воени возила и беа зголемени безбедносните мерки.

Куќата на Ќазими, која се наоѓа во овој регион, вчераутро била нападната од беспилотни летала. Се тврди дека нападот го извршиле силите на шиитската милиција блиски до Иран.



Слични вести