Бил Гејтс во Турција ќе формира фарма

Гејтс на вчерашната Конференција на Обединетите нации (ОН) за климатски промени (COP26), што се одржа во Глазгов, Шкотска, вети дека ќе одвои 315 милиони долари за да им помогне на земјоделците да развијат култури отпорни на климатските промени

1729349
Бил Гејтс во Турција ќе формира фарма

 

Американскиот милијардер Бил Гејтс, кој извесно време е во Егејската област, бара плац во Турција и планира да формира фарма.

Извор за американскиот сајт „Њујорк пост“ рече дека Гејтс „сакал да основа голема и одржлива фарма во Турција“ за фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која има имот од 50 милијарди долари, со кој управува со својата поранешна сопруга.

Гејтс на вчерашната Конференција на Обединетите нации (ОН) за климатски промени (COP26), што се одржа во Глазгов, Шкотска, вети дека ќе одвои 315 милиони долари за да им помогне на земјоделците да развијат култури отпорни на климатските промени.

Гејтс рече дека парите ќе бидат наменети за конзорциум за семе што ќе им помага на земјоделците да се прилагодат на променливите климатски модели.

Од друга страна, Гејтс моментално поседува 22 илјади хектари земјиште во Тракија.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и делегацијата во негова придружба во октомври го посетија Античкиот град Ефес.

Приватната јахта на Гејтс беше закотвена во заливите на Кушадаси, а потоа и во Бодрум.



Слични вести