Одговорноста за бомбашкиот и вооружен напад во Кабул ја презеде ДЕАШ

Во споделената објава на профилите на терористичката организација ДЕАШ преку социјалните медиуми се тврди дека во реализираниот напад со 5 мина напаѓачи се убиени голем број припадници на Талибан, вклучувајќи и еден од водечките талибански команданти

1728473
Одговорноста за бомбашкиот и вооружен напад во Кабул ја презеде ДЕАШ

Одговорноста за вооружениот и бомбашки напад што беше реализиран вчера во пладневните часови врз воената болница „Сердар Мухамед Давуд Хан“ во областа Везир Екбер, во главниот град на Авганистан, Кабул, ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Во споделената објава на профилите на терористичката организација ДЕАШ преку социјалните медиуми се тврди дека во реализираниот напад со 5 мина напаѓачи се убиени голем број припадници на Талибан, вклучувајќи и еден од водечките талибански команданти.

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид претходно соопшти дека во нападот загинаа четворица цивили и тројца припадници на Талибан.

Според изјавите на очевидци пак, во нападот загинаа повеќе од 20 лица, а најмалку 40 лица се ранети.



Слични вести