ЕУ изрази загриженост од вонредната состојба во Етиопија и повика на замолчување на оружјето

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека се загрижени поради прогласувањето на вонредна состојба во Етиопија и упати повик за замолчување на оружјето

1728721
ЕУ изрази загриженост од вонредната состојба во Етиопија и повика на замолчување на оружјето

Европската унија (ЕУ) истакна дека е загрижена поради прогласувањето на вонредна состојба во Етиопија и упати повик за замолчување на оружјето.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во дадената изјава преку социјалните медиуми информира дека се загрижени поради прогласувањето на вонредна состојба во земјата поради нападите на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ).

Истакнувајќи дека тие се спротивставуваат на каков било потег на ТПЛФ или на Ослободителната армија на Оромо (ОЛА) да го земат под опсада главниот град Адис Абеба, Борел рече: „Целосната мобилизација на владата ќе ги водат уште повеќе земјата и нејзините граѓани кон граѓанска војна и пропаст.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел го додаде следното: „Сите страни имаат сила и можност да го прифатат мирот. Дојде време да се замолчи оружјето.“

Инаку, Владата на Етиопија на 2 ноември (вчера) прогласи вонредна состојба во земјата поради нападите на бунтовничкиот Ослободителен фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) кој продолжува да напредува на север. Етиопската Влада формира и одбранбени единици против евентуалните напади на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) врз главниот град Адис Абеба.

Судирите помеѓу федералната армија и Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) во Етиопија продолжуваат од ноември 2020 година.

Како што се истакнува силите на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) кои по тешки судири ги зазедоа градовите Деси и Комболча во провинцијата Амхара, се доближија до околу 350 километри од главниот град Адис Абеба.

Иако етиопската армија постигна делумен успех во операциите коишто беа започнати против бунтовниците во ноември 2020 година, изнесувајќи ја како причина хуманитарната состојба на 28 јуни се повлече од Мекеле, центарот на Тиграј.

По напредувањето на ТПЛФ во провинциите Амхара и Афар, армијата премина во контранапад.

Судирите коишто 11 месеци како продолжуваат во северниот дел на земјата, беа причина за раселување на приближно 2,5 милиони луѓе, а повеќе од 5 милиони луѓе во регионот имаат потреба од итна помош.

 



Слични вести