Етиопската армија реализира воздушен напад врз центарот за воена обука на ТПЛФ

Според веста на етиопската телевизија „ФАНА“, етиопската армија реализира воздушен напад врз центарот за воена обука на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ)

1728800
Етиопската армија реализира воздушен напад врз центарот за воена обука на ТПЛФ

Етиопската армија реализира воздушен напад врз центарот за воена обука на бунтовничкиот Ослободителен фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ).

Според веста на етиопската телевизија „ФАНА“, нападот е извршен во областа Ади Хагерај во северниот дел на земјата.

Во нападот е уништен еден центар за воена обука на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) во областа.

Етиопските воздушни сили со воздушните напади коишто ги реализираат во последно време целат против складишта за муниција, центри за воена обука и центри за производство на оружје и воени материјали на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ).

Судирите коишто 11 месеци како продолжуваат во северниот дел на Етиопија, беа причина за раселување на приближно 2,5 милиони луѓе, а повеќе од 5 милиони луѓе во регионот имаат потреба од итна помош.

 



Слични вести