Гутерес ги повика страните во Етиопија на прекин на огнот

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес изрази длабока загриженост од ескалацијата на судирите во Етиопија и ги повика страните во оваа земја на прекин на огнот

1728597
Гутерес ги повика страните во Етиопија на прекин на огнот

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во објавеното соопштение со посредство на неговиот портпарол Стефан Дујарич истакна дека е длабоко загрижен поради ескалацијата на судирите во Етиопија и одлуката на владата со која е прогласена вонредна состојба во оваа источноафриканска земја.

Тој ги повика страните на прекин на огнот.

Предупредувајќи дека стабилноста на Етиопија и регионот е во опасност, Гутерес ги повика владините сили и Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) веднаш да стават крај на судирите и се започне со инклузивен национален дијалог во земјата.

Инаку, Владата на Етиопија на 2 ноември (вчера) прогласи вонредна состојба во земјата поради нападите на бунтовничкиот Ослободителен фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) кој продолжува да напредува на север. Етиопската Влада формира и одбранбени единици против евентуалните напади на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) врз главниот град Адис Абеба.

Судирите помеѓу федералната армија и Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) во Етиопија продолжуваат од ноември 2020 година.

Како што се истакнува силите на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ) кои по тешки судири ги зазедоа градовите Деси и Комболча во провинцијата Амхара, се доближија до околу 350 километри од главниот град Адис Абеба.

 



Слични вести