Во Јемен во последните 3 дена животите ги загубија 15 цивили

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (ОЦХА) во Јемен соопшти дека поради судирите во земјата само во последните 3 дена во Таиз животите ги загубија 3 деца и 12 лица во Мариб од кои едно дете

1727981
Во Јемен во последните 3 дена животите ги загубија 15 цивили

Во Јемен кадешто продолжува граѓанската војна во последните 3 дена животите ги загубија 15 цивили.

Во објавеното соопштение на профилот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (ОЦХА) во Јемен преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека судирите во земјата влијаат негативно на животот на цивилите.

Во соопштението се вели следното: „Само во последните 3 дена во Таиз животите ги загубија 3 деца и 12 лица во Мариб од кои едно дете.“

Во соопштението се предупредува дека „Според меѓународното право цивилите се под заштита и не претставуваат цел“, но притоа не се обвинува ниту една страна во врска со човечките загуби.

Јеменската Влада, одговорноста за смртта на цивилите ја префрли на Хусите.

Инаку, во Јемен кадешто долго време како владее политичка нестабилност се водат судири помеѓу Хусите поддржани од Иран и силите лојални на Владата.

Хусите од септември 2014 година ги држат под контрола главниот град Сана и некои други области во земјата, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат јеменската Влада против Хусите.

Во вооружените судири во Јемен кои траат веќе 7 години, животите ги загубија повеќе од 233 илјади лица.

Хуманитарната криза која почна да расте поради граѓанската војна во Јемен, кој се наоѓа меѓу најсиромашните земји во светот, достигна до страотни димензии.

 

 



Слични вести