САД ги повикаа Хусите во Јемен да ги прекинат нападите врз Мариб

Во објавеното писмено соопштение со потписот на Кати Вестли вршителката на должноста амбасадор на САД во Сана, поранешниот главен град на Јемен, се повикуваат Хусите да ја сопрат војната

1727853
САД ги повикаа Хусите во Јемен да ги прекинат нападите врз Мариб

Соединетите Американски Држави (САД) упатија повик до Хусите во Јемен да ги прекинат нападите коишто ги реализираат врз градот Мариб.

Во објавеното писмено соопштение со потписот на Кати Вестли вршителката на должноста амбасадор на САД во Сана, поранешниот главен град на Јемен, се повикуваат Хусите да ја сопрат војната.

Во соопштението се вели следното: „Хусите треба да стават крај на оваа глупава спирала на насилство и да го прифатат сеопфатниот прекин на огнот. Ги осудувам нападите на Хусите кои стануваат причина да ги губат животите десетици лица меѓу кои се наоѓаат жени и деца.“

Вестли го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите.

Инаку, во реализираниот напад од страна на Хусите во раните утрински часови изминатиот понеделник со балистичка ракета врз населеното место Џуба во градот Мариб во Јемен, животите ги загубија 39 цивили, а голем број беа ранети.



Слични вести