Лидерите на повеќе од 100 земји ветија до 2030 година да се престане со уништување на шумите

Лидерите на повеќе од 100 земји на Лидерскиот самит на 26. Конференција на страните на рамковниот договор за климатски промени на ОН (КОП26) во Глазгов-Шкотска, ветија до 2030 година да се престане со уништување на шумите во светот

1727977
Лидерите на повеќе од 100 земји ветија до 2030 година да се престане со уништување на шумите

Лидерите на повеќе од 100 земји кои учествуваат на Лидерскиот самит на 26. Конференција на страните на рамковниот договор за климатски промени на Обединетите нации (КОП26) ветија до 2030 година да се престане со уништување на шумите во светот коешто од страна на научниците се смета како еден од главните фактори за климатските промени.

Лидерите кои ја потпишаа „Лидерската декларација во врска со користењето на шумите и земјиштето“ освен тоа се обврзаа со таа цел да достават финансиски средства во износ од 12 милијарди долари од јавниот сектор и 7,2 милијарди долари од приватниот сектор.

Согласно тоа е ветено да се стави крај на дефорестацијата до 2030 година и да се премине на активно пошумување во светот.

Во декларацијата се ветува да се ​заштити и забрза обновувањето на шумите и другите континентални екосистеми, да се имплементираат национални трговски политики кои го поттикнуваат одржливиот раст, да се зголеми издржливоста преку развивање на руралните средства за егзистенција, да се дизајнираат политики за поттикнување на одржливото земјоделство и безбедноста на храната, да се обезбеди поддршка за локалните заедници и да се олесни усогласувањето на финансирањето со меѓународните цели.

Водачот на глобалните применувања на шуми при Светскиот фонд за заштита на природниот живот (WWF) Франс Прајс, во дадената изјава во врска со потпишаната декларација истакна дека преземените обврски за запирање на уништувањето на шумите треба итно да се спроведат.

Тој рече: „Шумите обезбедуваат екосистемски услуги клучни за човековата, економската и социјалната благосостојба, но алармантната загуба на шумите продолжува.“

Велејќи дека владите треба да ги забрзаат своите напори за подобрување на управувањето со земјиштето и шумите преку зголемување на учеството, отчетноста и транспарентноста, Прајс ја изнесе следната констатација: „Ги повикуваме владите да ги надополнат своите амбициозни обврски за шумите и користењето на земјиштето коишто се соопштени денеска, временски ограничени цели и со заедничка транспарентна рамка за следење и потврдување на овие цели. Немаме време за губење.“

 



Слични вести