Гутерес: Доста ја третираме природата како клозет, си ги копаме сопствените гробови!

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес од Глазгов ја испрати следната порака до светот: „Или ќе го запреме овој процес или тој ќе нѐ запре нас. Дојде време да се каже доста. Доста се убиваме со јагленот.  Доста ја третираме природата како клозет.“

1727778
Гутерес: Доста ја третираме природата како клозет, си ги копаме сопствените гробови!

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес кој говореше на Лидерскиот самит на 26. Конференција на страните на рамковниот договор за климатски промени на Обединетите нации (КОП26) што се одржува во шкотскиот град Глазгов истакна дека зависноста од фосилни горива го турка човештвото во пропаст.

Тој рече: „Или ќе го запреме овој процес или тој ќе нѐ запре нас. Дојде време да се каже доста. Доста се убиваме со јагленот.  Доста ја третираме природата како клозет. Доста палевме, бушевме и се закопуваме сѐ подлабоко. Си ги копаме сопствените гробови.“

Гутерес привлече внимание дека пред човештвото не остана друг избор, или да се сопрат климатските промени или да се стане жртва на климатските промени.

Предупредувајќи дека светот се соочува со климатска криза, Гутерес напомена дека дури и со најдоброто сценарио зголемувањето на глобалното затоплување до крајот на векот ќе се искачи на над 2 степени Целзиусови.  

Антонио Гутерес истакна дека во случај борбата против климата да биде неуспешна тоа значи „смртна казна“ и го рече следното: „Науката мошне отворено ни вели што треба да направиме. Како прво зголемувањето на глобалното затоплување треба да го држиме на 1,5 степени Целзиусови.“

Нагласувајќи дека посебна одговорноста сносат земјите од Г-20 кои се одговорни за 80 отсто од емисиите на глобалните стакленички гасови, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес ги повика развиените земји да бидат предводници во борбата против климатските промени.

 



Слични вести